Вработен во обложувалница затаил 568.886 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Б.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Тој, во периодот 02/03.11.2021 година, како касиер во спортска обложувалница во Охрид, противправно присвоил пари од прометот од кои, дел искористил да игра на VLT апарати а дел ги давал на играчите кои биле присутни во обложувалницата. На тој начин, пријавениот го оштетил правниот субјект во вкупен износ од 568.886 денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани