Правилна распределба на буџетските средства на невладините

Правилно ќе се распределуваат буџетските средства на невладиниот сектор.

-Заедно со претставници од надлежните служби на Општина Охрид, остваривме средба со Билјана Георгиеска од УНДП. Тема на разговор беше правилна распределба на буџетските средства, особено од општинскиот буџет, со цел да се овозможи покорисно и потранспарентно префрлање на средства до граѓанските организации.

Заклучивме дека дека проектот “Регионална програма за локална демократија на Западниот Балкан“ (ReLOaD2) на УНДП кој почнува да го применува Општина Охрид е повеќе од неопходен затоа што соодветната распределба на јавните финансии ги потврдува добрите намери на институциите за одговорно управување со јавното трошење, информира градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани