Тешко повреден лице во сообраќајка меѓу два велосипеди

Во Охрид сообраќајка меѓу два велосипеди, еден велосипедист тешко повреден.

На 15.12.2021 во 10.50 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу два велосипеди управувани од Р.М.(49) и В.К.(66), двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.К. констатирани во Општата болница во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани