Искинати електрични кабли во населбата Елен Камен

Оштетени, навалени бандери и искинати електрични кабли, кои искрат со денови. Ваква е сликата во туристичката населба Елен Камен во струшко.

Невремето во петокот предизвика поголеми оштетувања на електричната мрежа. Струјата е со прекини, но жителите најмногу ги загрижуваат небезбедните кабли под напон, кои може да предизвикаат и пожар.
Случајот го пријавиле неколку пати во ЕВН, но решение се уште нема.

– „Имаме проблеми со дистрибуцијата на електрична енергија не е постојана, комплетно мрежата е застарена имаме побарано поддршка но ја немаме добиено. Апелираме како месна заедница под итно да се решат овие проблеми бидејки истите овие жици допираат до суви дрва и може да се предизвика огромен пожар“, вели Емил Попоски претседател на МЗ Елен Камен.

Патот во населбата распослана на бреготт на Охридското езеро со 130 викендички е во катастрофална состојба и не доликува на една туристичка населба. Изграден пред педесет години, целиот е раскопан со огромни дупки. Мештаните бараат од општината да преземе мерки.

-„Патот го видовте сами каковте руиниран не може да се стигне до анселбата, колите се потполно оштетени по овој пат. Истовремено имаме дадено апел за овој ѕид кој е пред паѓање а општината нема интерес да се направи истиот“, додава Попоски.

После два месеци се уште не е расчистен големиот одрон на карпата, кој предизвика оштетувања на патот и водоводната мрежа. Надлежните не презедоа никакви мерки за санација на карпата која надвиснува на патот кон Радожда и се заканува да се урне и да ги повреди минувачите.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани