Жител на Велгошти пронајден мртов во планина

На 15.01.2022 година во 11.50 часот во СВР Охрид пријавено е дека во планински појас кај месноста „Бегутинец,“ во близина на селото Велгошти, пронајден е починат Н.Т.(54) од истото село.

Од страна на лекар констатирана е смрт без траги на насилство, а увид извршија полициски екипи во координација со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција, информира портпарлот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани