Независната угостителска комора бара финансиска поддршка

Изминатиот период во услови на пандемија приходите на угостителите се намалени од 30 до 50 отсто во однос на приходите реализирани во времето пред пандемијата, велат од Независна Угостителска Комора.

-Жално е што досега Владата и покрај сите наши укажување на последните донесени мерки за ограничувањата и забраните на работењето на угостителските објекти не најде за сходно реално да ги согледа штетите и загубите што ги нанесе на угостителите и донесе мерки за субвенција, финансиска помош и поддршка на угостителите. Се надеваме дека новата Влада на првата седница ќе има сенс и нема да ги игнорира нашите укажувања за континуитет од финансиски мерки и субвенции и по кратка постапка веднаш ќе донесе нови мерки за неповратна финансиска помош и поддршка на угостителите со која ќе ни помогне реално да ги издржиме и намалиме загубите и штетите кои ги трпиме како последица од мерките за работа на угостителските објекти од пандемијата со ковид-19, информираат од НУК. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани