Мартин Гоџо од Варош е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на Охридското езеро

Мартин Гоџо од Варош е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на Охридското езеро.

Тој беше најсреќен меѓу големиот број капачи кои утрово влегоа во ладните езерски води. 

Голем број верници годинава беа дел од најмасовната црковно народна манифестација во земјава Водици Богојавление. 

„Десет години скокам по чесниот крст имав желба да го фатам и се чуствувам прекрасно. Очекувам среќа и благосостојба за мене и фамилијата. Годинава за прв пат го фаќам крстот“, рече 25 годишниот Гоџоски.

Тој и неговата тајфа им посакаа на сите луѓе многу здравје, среќа и уште долго да го празнуваат овој голем христијански празник.

Градоначалникот Кирил Пецаков вели дека денешниот ден е најголем за Охрид и е среќен е што во време на пандемија традицијата е продолжена.

-После една година пауза , денес, достојно, во духот на традицијата и верата, го одбележавме големиот и значаен празник за градот, Богојавление – Водици. И покрај проблемот со ковид-кризата смогнавме сили, ја организиравме оваа манифестација што ете мина во најдобар ред. За мене ова е најголемиот настан што се случува во Охрид. Она што како народ не држи тоа е традицијата, таа е тука да постои, ние да ја одржуваме и да се гордееме. По осветувањето на езерските води и положувањето на Светиот крст, најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин Гоџо кој го фати Светиот крст. На фаќачот на крстот му посакувам среќа, здравје и успех, рече градоначалникот Кирил Пецаков.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани