Aвторката на „Рисот Ристе“ подари книги за градинката Билјана Охрид

Весна Константинова од Скопје, авторката на познатите книги за деца со „Рисот Ристе“ подари книги за градинката Билјана Охрид. 

Весна е и организатор на акцијата БИДИ ХУМАН, СПОДЕЛИ РАДОСТ, ИЗРАДУВАЈ НЕПОЗНАТО ДЕТЕ, како резултат на која книгички со РИСОТ РИСТЕ имаат добиено над осумстотини деца од цела Македонија, а последната донација беше направена на 20 јануари во детската градинка Билјана во Охрид.

Таа на празникот Водици по трет пат влезе во водите на Охридското езеро.

Традицијата е за да се чува и негува! – изјави Весна Константинова, авторката на познатите книгички за деца со РИСОТ РИСТЕ, откако и самата со пример покажа дека не е страшно да се влезе во студената вода на Охридското езеро, доколку тоа се прави на Водици и со верба!

Сите кои би сакале да се вклучат во акцијата, за да подарат или добијат книги тоа можат да го сторат на официјалната фан страна на Risot Riste i prijatelite односно на следниов линк.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани