Казнети два угостителски објекти во Охрид по Законот за заштита од пушење.
На 05/06.02.2022 од 23 до 01 часот, СВР Охрид и Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во угостителски објекти во Охрид, при што во два објекти регистрирани се девет прекршување на одредби од Законот за заштита од пушење. По однос на констатираните прекршоци, поднесени се соодветни платни налози, информираат од охридската полиција.
