Жителите на Горно Лакочереј остануваат на барањето еврејската група „Лев тахор“ да замине од хотелот.
Добиле ветување од сопственикот на хотелот дека за неколку дена тие заминуваат.
Ние денес во 18 часот ќе бидеме пред хотелот. Нашето барање е таа група да се дсилоцира од селото, каде ќе се сместат не не интересира и немаме ништо против нив. Ние сме загрижени за нашата безбеднсот и безбедноста на нашите деца. Сакаме потврда од сопственикот на хотелот да каже кога ќе змаине таа група, велат мештаните за Охриднет.
Ние не сме силеџии сакаме мирно да си заминат. Доколку не се исполни нашето барање ќе одлучиме за следните чекори.
Утре градоначалникот Кирил Пецаков ќе оствари состанок со претставници на месната заедница Долно и Горно Лакочереј, Дебарско – Кичевската епархија и претставници од Локланата самоуправа. Состанокот е поврзан со доаѓањето на група „Лев Тахор“ во Лакочереј.
