24 годишник од Охрид ги нападнал полициските службеници.
На 25.02.2022 година околу 02 часот во СВР Охрид приведен е М.И.(24) од Охрид, кој претходно, на булеварот „Македонски просветители“ го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во одделен случај жител на Мешеишта агресивно се однесувал кон полициски службеници.
На 25.02.2022 година околу 02 часот во СВР Охрид, приведен е Р.Ш.(51) од селото Мешеишта, општина Дебарца затоа што на булеварот „Железничка“ во Охрид агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
