Приведен охриѓанец, ја нападнал поранешната сопруга.
На 03.03.2022 година околу 05.30 часот во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е Ј.С.(44) од Охрид. Тој, претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата поранешна сопруга. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
