Голем дел од жените не си ги знаат основните права, немаат лични документи, често се потчинети, обесправени и омаловажувани.
Ова се резултатите од анализата која на НВО „Инклузија“ во Југозападниот регион во земјава. Најкритично е во руралните средини со албанска етничка заедница.
Жената мисли дека местото и е во кујната, а неретко е жртва и на семејно насилство, кое се премолчува.
-„Се премолчува за жал поради ментаниот склоп кој што преовладува таму и ние кко граѓански активисти како организации колку и да се трудиме не можеме против тоа. Правиме чекори за унапредување на нивниот квалитет на живот да ги вклучиме во општествените процеси но проблем е тоа што голем дел од нив припаѓаат на оние групи, кои се непрепознаени во системот. Најголем дел од нив се соочуваат немаат лични докемти, се соочуваат со ниско образование, кај нив се уште преовладува мислењето дека местото на жената е во кујната и таа не може да придонесе на никаков друг начин освен во семејството“, вели Весна Цвтаноска од НВО „Инклузија“.
И по повеќе од еден век поголем процент од жените се невработени и се уште има машки професии. Многу треба да се работи на полето на родовата еднаквост, бидејќи жените го немаат заслуженото место, сметаат активистите.
– „Како жени се уште не се чувствуваме доволно сигурни дека можеме како авторитети да влијаеме повеќе во прилог на проемната на политиките. Иако како општесвено одговорни личности сепак сме длабоко застапени кога станува збор за политиката. Меѓутоа се уште во овој Западен дел од Македонија се уште живееме во патријархат каде повеќе се слуша машкиот отколку женскиот глас. “, додава Цветаноска.
Во Југозападниот регион во земјава досега немало ниту една жена градоначалник. Чекор напред е нејзината позиција како претседавач на Совет во одделни општини.
Новинар Соња Рилковска
