Во хотелот „Амбасадор“на 8 – ми Март,Активот на жени пензионерки при ЗП Струга,го одбележаа својот празник.
По две години пауза,поради пандемијата на Ковид-19,оваа година,го одбележаа меѓународниот празник на жената,предводени од претседтелот на Активот Елисавета Лазареска и потпретседателката Павлина Кузманоска.
„Незнам дали ние жените треба да имаме еден ден во годината и со тоа да ги задоволиме потребите за еднаквост со мажите.Ние жените не треба да бараме поголеми права,туку да бидат исти и правата и обврските.Сепак,почитувајќи ја традицијата,сакаме на крајот најискрено да им го честитам празникот на сите жени,а посебно на пензионерките“ ни рече со благ осмех,завршувајќи го разговорот претседателката на Активот Екисавета Лазареска.

Среќен празник и долг живот им посака и претседателот на ЗП Струга,Милорад Трпоски,кој беше присутен на одбележувањето на големиот празник на жените, кој истовремено им врачи и по еден каранфил.
Жената претставува мотив кај многу поети,сликари,писатели,фотографи,но кога станува збор за фотографијата таа се јавува не само како инспирација за фотографите,туку и активно се вклучува во самиот процес,на фотографирање,изработка на фотографијата и пренесување на стекнатото знаење за фотографијата како уметност .
Жените се почуствителни и поуспешни од мажите и затоа подобро ги забележуваат деталите .Тоа е дар на природата.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
