Мајката на убиениот Димитар ја напиша четвртата книга

Тагата по изгубеното чедо преточена во нова книга. Драгица Матилоска, мајката на убиениот Димитар, ја напиша четвртата книга „Мојот живот после изгубен живот”.

Пензионираната учителка, во дневникот ја соголува душата , раскажувајќи за осаменоста, солзите, тагата и болката по единствениот син Димитар.
Таа по смртта на синот, од Новогодишна ноќ 2016 година, вели живее во пеколот, но се обидува да ги исполни желбите на Димитар, чив живот згасна, на само 26 години. Останаа спомени, неостварени сништа и неизмерна тага и болка. Куќата е темна, шест години е празна собата на Димитар, исто како и душата на Драгица.
Во книгата се поместени писма и цртежи од внуците на Димитар, но и од наставниците и професорите, кои не штедат убави зборови опишувајќи го како мирен и пристоен ученик.

– „Моите колеги од професорската фела се дел од оваа книга раскажувајќи ги деновите поминати во ученичките клупи, нивните емоции за прекрасен ученик секогаш мирен, пристоен, добродушен, спремен да помогне на својот соученик. Во нивните кратки осврти се чувствува тагата и болката што што ја чувствуваат за прерано завршениот живот а во истовреме што баш тие му ги отвроиле хоризонтите на образованието и науката и имале чест да бидат дел животот на една прекрасна личност како што беше Димитар а јас додека ги читам напишаните ззборови на наставниците ми поминуваат слики од прекрасниот живот на мојот син“, раскажува Драгица Матилоска.

Во дневникот на Матилоска одекнува мајчиниот лелек по изгубениот син, течат солзите за мирното момче, се слушаат врисоците на сиротата мајка, која животот го минува во црнина. Таа во книгата се заблагодрува на синот што ја направил горда мајка и и го исполнил животот со неизмерна љубов.

„Ти благодарам за твојата бесмртна душа , која ме теши и милува. Ти благодарам пшто ги чуваш моите солзи иако од тоа нема полз. Ти благодарам што твојот дух живее в мојот осамен свет. Ти благдарам за твојата добрина над која ќе никнат цеќиња на светлина и радост. Ти благодарам што ми бешше син моето најголемо богатство. Ти благодарам што секогаш знаеше да ме насмееш и расположиш. Ти благодарам за најубавите 26 години што ми ги подари. Читателите понатаму ќе откриваат што јас се му благодарам на Димитар“, вели Матилоска.

Целта на книгите на Матилоска е да го сочува споменот на Димитар, но и никогаш да не се заборави и да не се повтори крвавата Новогодишна ноќ во Охрид.
Книгата ,,Живот после изгубен живот”, по симболична цена од 200 денари е во продажба, а средствата се наменети за хуманитарни цели. Драгица вели ќе продолжи да пишува и во иднина.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани