10.000 легла за украински бегалци нудат хотелиерите во охридско-струшкиот регион

10.000 легла за украински бегалци нудат хотелиерите во охридско-струшкиот регион.

ХОТАМ веќе достави до Владата листа на достапни објекти за прием на бегалци. На располагање се 30 отсто од капацитетите или близу 3000 хотелски соби со 5000 до 6000 легла. Заедно со приватните сместувачки капацитети понудиле сместување за подолг престој за околу 10.000 украински бегалци.

Според ХОТАМ бројот на домашни и странски туристи оваа сезона ќе се намали поради воената и економската криза и инфлацијата.

-„Нема голем број на уплати за одмори затоа што во едне ситуација каде што се спомнува војна повеќе пати во денот, ако слушате војна и преговори за мир никој не се чувствува комфорно за да може да уплати одмор и да патува некаде“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Иако поради инфлацијата пораснаа цените и во хотелско-угостителскиот сектор, од ХОТАМ велат цените за украинските бегалци ќе бидат далеку пониски во однос на оние во европските земји.

„Ќе има пореметување во ценовна политика, во број на странски гости, држави кои имаат поголемо влијание од војната како што е на пример Полска која граничи со Украина намалување на бројот на гости од Полска, кои ни се поголемиот број на ноќевања кои го добиваме“ вели Блажески.

Досега во охридско-струшкиот регион се сместени десетина семејства од Украина, од ХОТАМ велат расте интересот за нивно привремено сместување во земјава.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани