Еко акција на Чист Охрид и извидници од 23 земји

Околу 80 извидници од 23 европски земји, во заедничка акција со Чист Охрид, еден ден по Меѓународниот ден на планетата Земја го исчистија просторот околу Извидничкиот центар, реката Коселска и плажите во околината.

Во акцијата беа собрани најмалку 50 вреќи ѓубре, односно најмногу отпад од пластични шишиња, кеси, марамчиња, стакло, но и телевизор и пластични столови.
За време на акцијата, пред извидниците и активистите говор одржа Катерина Василевска од „Охрид СОС“ за значењето и состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро.
Упатуваме апел до сите граѓани, да ја чуваме нашата околина и постојано да работиме за подобрување на животната средина. Честит Денот на планетата Земја!

Можно е да е слика од 16 луѓе, луѓе што стојат, луѓе во движење, надвор и дрво

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, надвор и дрво

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани