СДСМ прашува до каде се уредените плажи, Пецаков им одговори вината да ја бараат во централната власт.
-„Помина скоро една година од одлуката на УНЕСКО со која Општина Охрид доби втора шанса и рок од две години да ја исполни долгата листа на обврски, ама исто така поминува скоро една година откако сегашниот ни Градоначалник се сликаше со стопанствениците на плажите и гласно ја обвинуваше тогашната локална власт . Но… ! Помина скоро еден месец откако истиот тој Градоначалник изјави дека и оваа сезона плажите ќе функционираат без концесионери и ќе останат неуредени , но овој пат бидејќи не може да се обвинува себеси, виновна му е централната власт. Иако е видливо дека престојот во Америка во целост и во секаква прилика му годи на Градоначалникот , но сепак тоа не би требало да го спречува да размислува на оваа тематика и затоа ние како ОХРИЃАНИ кои си го сакаат својот град би сакале да го прашаме и него и неговите соработници на кои што е оставена локалната самоуправа за време на неговото отсуство, дали сериозно мислат дека охриѓани не се збунети со неговите изјави дијаметрално спротивни од оние што ги даваше пред и за време на изборната кампања? Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски само пред неколку дена изјави дека Министерството за транспорт и врски НЕ ГО КОЧИ уредувањето на плажите и дека општина Охрид МОЖЕ САМА да ги уреди плажите согласно генералниот урбанистички план и препораките на УНЕСКО. Каде се уредените плажи Пецаков? Каде е јавниот повик за издавање на плажите под концесија? До каде се исполнувањата на препораките на УНЕСКО и дали знаете дека останува само уште една година да се исполнат? На крај, што Ви се чинеше со изјавите дека на стопанствениците веднаш ќе им ги вратите плажите назад ? Можно ли е со азното од такви ветувања да ги купувавте народните гласови !? Градоналниче да Ве потсетиме дека Охрид е пред почеток на сезона, а времето брзо си поминува , па така сите лаги и неспособности на крајот излегуваат на виделина. По се’ изгледа, Охрид ќе почека да види дали воопшто има градоначалник, стои во соопштението на ОО СДСМ Охрид“, стои во соопштението на СДСМ Охрид.
Градоначалникот Пецаков им одговори:
-„Замислете мои драги охриѓани,
Оние кои го создадоа хаосот со плажите,
оние со кои имаше урбан хаос, беззаконие, самоволие и уништување на Охрид и УНЕСКО,
сега тие се дрзнуваат да кажуваат за градот и туристичката сезона.
Господо од СДСМ Охрид,
Вината да си ја барате во себе, во Министерството за транспорт и врски и во Агенцијата за просторно планирање која и по година и пол не го има изработено Планот за уредување на плажите.
Локалната самоуправа не ви е виновна затоа што централната власт сè уште не ја завршила изработката на урбанистичкиот план во заштитеното подрачје на езерото.
Ја повикувам Кристина Крлеска-Деспотоска, претседател на ОО СДСМ Охрид, да си одбере медиум и време, да поразговараме пред целата јавност не само за плажите, туку и за начинот на раководењето на Локалната самоуправа додека ја водеше СДСМ и секако за нејзиното работење во ЈП „Градски пазар“.
Наместо снимени видеа без новинари и праќани до медиуми нарачани соопштенија од партиските ментори нека се одважат пред охриѓани да ја слушнат вистината од која и самите бегаат.
Видоа охриѓани колку го „сакате“ Охрид и казната за тоа несакање ви ја испорачаа со катастрофален пораз на изборите!“, стои во одговорот на Пецаков.
