Прво место на Балкан Јуниор за учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Од 26. до 29. мај 2022 година во Констанца, Република Романија се одржа Осмиот натпревар од областа на електротехниката, машинството и мехатрониката „Балкан Јуниор 2022“ каде зедоа учество 10 ученици од 5 средни технички училишта од Македонија, Србија, Словенија, Турција и Романија.

Домаќин на овој натпревар беше средното техничко училиште „Николае Димитриеску“ од Констанца.

Екипата на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“- Охрид составена од учениците Мухамед Асан од трета година од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника и Петар Цаноски од трета година од образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика постигна огромен успех со тоа што го освои првото место на овој исклучително кавалитетен меѓународен натпревар. Учениците беа под менторство на професорите Владо Јанкулоски и Љупчо Балески.

Натпреварот се состоеше од теоретски дел на кој секој ученик одговараше на тест од 60 прашање од областа на Електромоторни погони, Автоматика, Дигитални системи, Техничка механика, Програмирање, Механички елементи и Хидраулика и пневматика.

После завршување на теоретскиот тест следуваше и практичниот дел на натпреварот. Практичниот дел се состоеше од борба на програмирани сумо роботи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани