Летен робо-камп во Охрид

„Стем академија“ организира Летен робо камп во Охрид.

Ковид пандемијата направи голем проблем во емотивниот и социјалниот развој на нашите деца. Затоа овозможете им на децата еден дел од летото да го поминат во дружење, забава, но и запознавање со роботиката и сето тоа надополнето со активности во вода.. Искористете ја оваа можност за да им обезбедите незаборавно лето и пријавете ги на единствениот од ваков вид камп во Македонија.
Децата ќе имаат забавни активности во вода, ќе стекнуваат вештини за ориентација, најразновидни тимски игри, ќе се дружат покрај логорски огин и многу други активности. Но тоа не е се, ќе стекнат искуство во дизајнирање на роботи и нивно програмирање, и ќе решаваат проблеми поврзани со роботски мисии. Искусниот тим на СТЕМ Академија ќе им пренесе дел од мисиите и искуството од меѓународните натпревари во роботика.
Пријавете го вашето дете нека навистина овој дел од летото го помине со единствено искуство на овој камп, информираат од Stem Academy. 

Кампот ќе се оддржи 13.06-18.06  во Извидничкиот центар во Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани