Цветанка Попеска потекнува од Брежани. Во тешки услови живеела како млада, а во многу тешки и денес, мажена и преселена во сопствената куќа во Велгошти. Шест пати вели таа била во блажена состојба, но, поради нејзината тешка здравствена состојба раѓа само две здрави чеда, пренесува Срце на дланка.
Веќе многу години куќата и се распаѓа и се заканува дека некој ден ќе ја поклопи. Таа живее со минимален приход, па, ако сопругот не го викнат приватно за да поработи и да земе некој денар остануваат и гладни.
Затоа, оваа болна жена леб јаде само доколку и дадат од црква. Оди и таа се труди, работи, копа, сади зеленчук кај соседите за да заработи некој скромен денар. Во спротивно еден ден јаде, еден ден ја сонува храната. Проблемите направиле таа од ден на ден се повеќе да се разболува. Па за да преживее некогаш место храна принудена е парите да ги даде и за лекови. За себе Цветанка ќе рече дека постојано плаче, од утро до мрак. Но, сепак верува дека некој ќе и помогне и еден ден ќе се разбуди во нови ѕидови каде би започнала еден поубав и посреќен живот.
Секој кој сака да помогне контакт:
тел од семејството 077812939
Жиро сметка за помош на Цветанка Попеска 210501743100913
Целата сторија на Срце на дланка
ВИДЕО: Од 26 та минута сторијата на Цветанка од охридско изработена од Срце на дланка
