Македонскиот јазик е факт, тој е стожерот на нашата нација и држава

Македонскиот јазик е факт и  природна неминовност. Тој е стожерот на нашата нација и држава. Беше истакнато на јубилејната 50 та Меѓународна научна конференција за македонски јазик што традиционално се одржува во Охрид, под покровителство на претседателот на државата.

Нема достапен опис.

Македонскиот јазик денес се зборува на сите континетни, а во светот расте интересот за негово изучување.

„Македонскиот јазик е факт и дека ние на него гледаме како природна неминовност без романтичарски занес и без националистички егзалтации. И на нашиот човек јазикот му служи како незаменливо средство во борбата за постигање на оние цели што ќе го означат остварувањето на сите преппоставки за оформување на целосни сетсрано слободни и духовно развиени личности“, рече професорот Никола Јанкуловски ректор на УКИМ.

Централните теми на Конференцијата годинава се  делата на великаните Крсте Мисирков и Ацо Шопов, по повод значајните јубилеи – 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков и 100 години од раѓањето на Шопов.

Нема достапен опис.

„ Пркеу 50 години нејзините темели се псотавени заради идејата дека само преку поттикнување на научната дискусија меѓу странските и домашните македонисти, балканисти и слависти на современ план може да се оечкуав сестрана афирмација на македонистичките научни согледби“, истакна професор Весна Мојсовска Чипишевска  директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

На меѓународната научна конференција во Охрид учествуваат македонисти, балканисти и слависти од 15 различни држави од сите страни на светот.

И додека во земјава се намалува интересот за изучување на македонскиот јазик во светот расте. Оваа научна конференција е уште една потврда дека македонскиот јазик бил и ќе биде, и никој не може да го оспорува.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани