Утрово во Струга се спроведува голема полициска акција во која специјалците веќе привеле дваесетина криминалци.
Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.
Низ струшките улици забележително е големо присуство на припадници на специјалните единици на полицијата.
Уапсени биле 20-тина криминалци.
