Во Охрид денес се одржа 33 та годишна конференција на УМС на ВМРО ДПМНЕ.
За значењето на младите , но и поддршката која владата ќе ја дава за задржување на младите во земјава пред присутните говореше премиерот Христијан Мицковски.
Премиерот меѓу другото се обрати и на коалицијата со зборовите „ќе успееме“, но и на лидерот на ДУИ Али Ахмети на кој му пораќа што побрзо да ја реформира партијата. Мицковски ја повика и опозицијата на обединување……преку дебата за проекти и идеи.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ најави двесте и педесет евра за електронски уреди за секој студент и 10 милиони евра за развој на бизнисот за млади. Секој млад човек од 18 до 29 години ќе може да аплицира со проект и ќе добие од 1000 до 30.000 евра за да почне свој бизнис.
Владата преку мерки ќе ги поддржува младите кои се моторот на општеството и иднината на Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски, на 33 годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ порача дека вложувањето во образованието и во младите е клучот за развој на едно општество.
„Владата ќе потроши со новиот буџет кој што е во изработка ваучери од 250 евра за електронски уреди за сите студенти во Македонија. Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнисот за млади од 18 до 29 години со новиот Буџет“, рече претседателот на владата на Македонија Христијан Мицкоски.
Парите за сопствен бизнис ќе се доделуваат во зависност од бизнис планот, а за тоа како и дали истите ќе завршат на вистинско место под строги критериуми ќе оценува комисија која ќе биде формирана и ќе има претставници од повеќе институции. Мицкоски им порача на младите дека повеќе нема простор за изговори и дека Македонија мора да успее.
„ Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа. Ние сме тука за вас и се што треба ќе направиме да останете тука и да ја продолжите приказната за Македонија. Да ѝ го продолжите животот. Затоа што јас знам дека, таа не се само дрвата, планините, езерата, реките и културните знаменитости. Таа се нејзините луѓе и без луѓе за бадијала е се. Затоа тука сме и оваа е само почеток. Нема веќе време за изговори и за плукање на минатото“, рече Мицкоски.
Мицковски зборуваше из а Евроинтеграциите, рече ние веруваме во ЕУ веруваме дека членството во ЕУ е приоритет. Невосмислено ке продолжиме по тој пат иако ЕУ покажа неправедност кон нас рече Мицковски.



