По две децении, Вевчани повторно дел од престижната Федерација на европски карневалски градови

По две децении, Вевчанскиот карневал повторно стана дел од престижната Федерација на европски карневалски градови (ФЕЦЦ).

-Со радост и гордост ја известуваме јавноста дека Општина Вевчани повторно е дел од Федерацијата на европски карневалски градови!

Вевчанскиот карневал, кој е првиот карневал од Македонија што стана член на оваа престижна федерација во 1993 година, повторно, после 20 години е на вистинското место. Со посветеност и напор, сите обврски за членарина од изминатите 20 години се успешно подмирени, и во согласност со Одборот на ФЕЦЦ, од оваа година, Вевчани повторно е полноправна членка на Федерацијата на европски карневалски градови!Ние како општина сме горди што сме дел од оваа значајна мрежа и со нетрпение очекуваме нови можности за соработка, размена на искуства и зајакнување на традицијата на нашиот уникатен Вевчански карневал.,  објави градоначалникот Спасе Кочоски.
Вевчанскиот карневал, препознаен како нематеријално културно наследство, има историја од околу 15 века.  Неговата автентичност и уникатност го издвојуваат од останатите карневалски манифестации, благодарение на комбинацијата од традиционални и современи теми.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани