Во Охрид уапсен избеган затвореник  од Идризиво

Во Охрид уапсен избеган затвореник  од Идризиво.

-На 02.01.2025 година во 21 часот,  на улицата „Питу Гули“ во Охрид, лишен од слобода е Н.А.(39) од Битола. Лишувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основниот суд во Битола и распишана централна потерница по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Идризово-Скопје“ од каде претходно избегал. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава за две кражби, претходно извршени во куќи во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани