Судскиот совет за нови судии во Апелациониот суд Битола ги избра судиите Билјана Белевска Пројковска за судија во кривичната област, и Ристо Сотиров, Дејан Крстанов и Александар Илиевски за судии за граѓанска област.
Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски истакна дека на објавениот оглас за избор на еден судија за кривична област и тројца судии од граѓанската област формирана е Комисија за рангирање чиј претседател е Антоанета Димовска.
Судиката Димовска посочи дека согласно изготвената ранг листа од страна на Комисијата за судија од кривичната област се пријавиле пет кандидати, но во текот на постапката судиката Виолета Крстиноска од Ресен ја повлекла својата пријава за избор на апелационен судија.
