Српската заедница го одбележа Свети Сава

Во присуство на голем број членови и гости, меѓу нив и почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев и градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, српската заедница во Охрид, со пригодна свеченост го одбележа православниот празник „Св. Сава“.

 Почитувани припадници на српската заедница, во мое лично име и во името на Општина Охрид ви упатувам искрени честитки по повод празникот Свети Сава, еден од најголемите духовни и културни светители во православието.

Српската заедница во Охрид и Македонија е значаен дел од мултиетничкиот мозаик на нашето општество, со кој се гордееме. Вашиот придонес во зачувувањето на културата и вредностите е непроценлив. Во духот на заедничкото живеење, вие постојано покажувате дека различноста е предност што ја збогатува нашата традиција. Празникот на вашиот патрон, нека не потсети на вистинските животни вредности, кои тој ги промовираше: мир, љубов, мудрост и взаемна почит.

Со желби за многу здравје, личен напредок и успех, ви посакувам денешниот празник да го прославите со голема радост и сплотеност. За многу години!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани