Македонија и Охрид се претствија на саемот во Турција

Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со активно учество на приватниот сектор Македонија повеќе од една декада е дел од меѓународниот саем за туризам “EMITT” во Истанбул, Турција.
-Репрезентативниот штанд на Македонија e посетен од бројни високи претставници на Република Турција, како и значајни учесници од туристичкиот сектор. Директорката на АППТ, Билјана Стефаноска имаше можност да размени мислења и да поразговара за туристичката размена како и продлабочување на соработката помеѓу двете земји со професионалци во својата област и пред медиумите да ги покани потенцијалните турски туристи да ја посетат Македонија, информираат од АППТ.
Турските гости се традиционални во земјава, културните, историските и семејните врски се мост кој ги поврзува двата народи. Минатата година има раст на бројот на турски посетители од 46%, споредбено со 2023г со вкупно 276597 туристи од Турција кои оствариле 385208 ноќевања, со забележано зголемување од 43%.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани