Основниот суд Струга ја отфрли тужбата поднесена во врска со дивата струшка депонија, со образложение дека решавањето на оваа проблематика не спаѓа во судска надлежност.
– Судот во својата одлука посочува дека за конкретното прашање треба да се води постапка по Законот за општа управна постапка и Законот за управни спорови, а не преку редовните судови.
Нe се согласуваме со оваа разочарувачка судска одлука на македонските судови бидејќи во рамки на постапката посочивме бројни законски и подзаконски акти кои укажуваат на судска надлежност за оваа проблематика. Дополнително доставиваме и пракса на Европскиот суд за човекови права која судска пракса укажува на судска надлежност, известуваат од Адвокатската канцеларија Стојкоски & Ќатоски.
Од таму велат, остануваме целосно посветени на заштитата на јавниот интерес и здравата животна средина во Струга и правдата ќе продолжиме да ја бараме пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
