Општина Охрид објави ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид и линиски превоз на патници кој заеднички го организираат општините Охрид и Дебрца
Предмет на јавниот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти кои обавуваат линиски превоз на патници во услови на економска криза односно овозможување одржливост на линискиот превоз преку доделување на субвенции за реализиран превоз на патници за 2024 година.
Начинот на доделување на субвенциите и максималниот износ на субвенција која може да се добие за секоја линија поооделно се дадаени во Правилникот за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид, како и превозот на патници што заеднички го организираат Општина Охрид и Општина Дебрца со број 09-2672/1 од 26.02.2025.
Критериумите за учество на Јавниот повик, начинот на пријавување тука.
Краен рок за достава на барањата:24.03.2025 година, до 13 часот.
