Основците се запознаваат со значењето на пчелата и пчеларството

Основците од одделенска настава во охридските училишта и годинава ќе се запознаваат со значењето на најблагородниот инсект на планетата, пчелата и пчеларењето. Едукативните предавања ги спроведува Здружението на пчелари Охрид и истите наидуваат на голем интерес кај дечињата.

„ Вршиме предавања во основните училишта за да ја подигнеме свеста за пчеларството и да вродиме љубов кај децата за одгледувањето на пчелите од најмала возраст. Предходната година овај проект се покажа како доста успешен и оваа година на иницијатива на дечињата и наставниот кадар вршиме предавања за тоа во што се состои работата на пчеларите, колку е важно конзумирањето на пчелни производи и бенефитот кој го имаме за нашиот организам.“ – вели Наум Трпчески – Претседател на Здружение на пчелари Охрид во изјава за ТВМ телевизија.

Дечиња ќе имаат можност да видат со каков тип на опрема се работи на пчеларникот, заштитни средства кои ги користат пчеларите, пчелна кошница, восок, саќе, мед и други пчелни производи. Пчеларот со долгогодишно искуство, пензионираниот професор Ице Китанчев за учениците одржува интересно предавање за значењето и одгледувањето на пчелите и вредноста на нејзините производи.

„Предходната година имавме донесено сандаче со живи пчели меѓутоа бидејќи периодот оваа година не е погоден за да се транспортираат живите пчели, ќе изостане тој момент, иако беше доста атрактивен. Некои од дечињата се веќе запознаени со пчеларството бидејќи нивните родители или дедовци се пчелари, меѓутоа голем дел немаат познавања и ќе биде еден вид атракција за нив.“  вели Трпчески.

Едукативниот караван на Здружението на пчелари тргна од ОУ „Христо Узунов„ и пролеттва ќе помине во повеќето училишта во охридскиот регион. Одржувањето на работилници од овој тип наидуваат на поддршка од раководството на училиштата и наставниот кадар бидејќи, велат се во насока на едукација на учениците.

Извор ТВМ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани