Стружанка професорка на еден од најдобрите универзитети во Данска

Македонските мозоци творат ширум светот. Стружанката Билјана Мојсоска Ларсен е професорка на еден од најдобрите универзитети во Данска.  Студирала на факултетот Роскилде, а како најдобар студент добила државна стипендија, продолжила магистерски  по хемија и молекуларна биологија. Потоа добила понуда за докторски студии, кои ги  завршила  во отсекот на изработка на нови антибиотици, пошто следеле и пост-докторски студии.

Денес предава хемија и микробиологија на истиот универзитет и  работи во развојот на нови антибиотици.

– Патот е минимум 15 години да се стане професор во Европа и мислам се уште се надоградувам , се уште можеш да учиш.  Во докторатот и пост – докторатот работев со антибиотици кои се викаат БМ како Билјана  Мојсовска и направивме  пептиди кои беа особено активни против туберколоза. Таа публикација е една од тие кои што ме прави горда, вели Билјана Мојсовска Ларсен  професорка на универзитетот Роскилде Данска.

Билјана две децении живее во Данска, омажена е  за Данец,  иако и недостига родната Струга, вели  не размислува за враќање во земјава.

–  Ќерка ми ја учам  Како Струга нема друга, кај да одиш кај да шеташ тука пак ќе се вратиш, значи Струга е тука стално идам и помагам колку што можам, но кога ќе си 20 години во една друга држава, значи заминав на 18 години  цел развиток на професионално ниво е направен тука. Овие можности кои што ги имам тука се многу повеќе од она што Македонија нуди,  вели Мојсовска Ларсен.

Професорката од Струга вели често соработува  со домашните научници , ја поддржуваат и помагаат науката во земјава, но во европските земји научната мисла го има заслуженото место.

– Слободното време го користам да помогнам, но да се вратам на систем кој не го поддржувам потешко. Сами гледате професор да се стане потребни се најмалку 15 години , не со три години, магистер не се станува со 6 месеци да препишеш магистерски труд што ти го дал професорот. Фрижидер со риби и вина немам значи тоа е систем што не би го поддржала, вели Мојсоска.

 Мојсоска е дел од проектот на македонските научници во странство – „Наука за сите“,  дел од организацијата „Наука за деца“, воедно и член на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања при УКИМ.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани