За конзервации годинава издвоени 7 милиони денари

И оваа година продолжуваат конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка. Конзервацијата започна во 2022 година како дел од годишната програма на националната установа Завод и Музеј – Охрид.

Верскиот објект со културно историско значење во близина на Долна порта, датира од 14 век, фресоживописот  е насликан околу 1370 година, но низ вековите претрпел измени.

Оштетувањата се предизвикани од дождовната влага  која транспортира соли врз фреските.

– Неколку години наназад се работи на реставрација, конзервација на фрескоживописот и на дел од архитектурата. Од министерството за култура се доделени средства и за годинава. Се работи за стар фрескоживопис од 14 и 15 век но поради лошите услови влагата за да се спречи пропаѓање на фреските редовно се конзервираат под надлежност на раководителот магистер Никола Патчев, вели директорот на Завод и музеј Охрид Горан Патчев.

Годинава за конзервации Завод и музеј има издвоени 7 милиони денари.

-Покрај конзеарвација на архитектурата рековме и фрескоживописот, кој спаѓа во заштитата на недвижно наследство , тука се и музејската дејност, тековно одржување етнолошките, историските и археолошките збирки.  Годинава министерството за култура одвои околу 1 420 000 денари и заедно со средтсвата 5 430 000 за заштита некаде околу 7 милиони денари се одвоени во нашиот Завод за заштита на спомениците во овој дел. , вели Патчев.

Охридскиот Завод и музеј има потреба од  конзерватори реставратори , годинава се очекуваат  нови вработувања.

-Стручен кадар е секогаш потребен, мегутоа тешко оди и унапредувањето и вработувањето на нови кадри се надеваме дека годинава ке имаме барем унапредување на постоечкиот кадар и запослување на неколку нови конзерватори, додава Патчев.

Црквата, Света Богородица  припаѓа на малите еднокорабни духовни храмови од 14 век, а стариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф.

Црквите Света Богородица и Свети Никола, која е наоѓа веднаш до неа, охриѓани ги нарекуваат болнички, бидејќи во средниот век таму постоела болница, која се користела и како карантин за време на епидемии.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани