ВИДЕО: Велигден одбележан во Светиклиментовиот храм на Плаошник

Голем број верници синоќа точно на полноќ ја дочекаа радосната вест за Христовото Восресение во манастирот во Плаошник. Со централната богослужба чиноначалствуваше епископот Никола Велички во сослужение со другите свештеници.

Верниците со свеќи во раце,  биење на камбаните и кршење со велгденски јајца го одбележаа праникот. Си го честитаат празникот со поздравот Христос Воскресна Навистина Воскресна.

Сите црковни храмови во Охрид синоќа беа преполни со верници.

Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за православните христијани, наречен Празник на сите празници. Воскресението на Исус Христос е најголемото случување во историјата на човечкиот род.
Во христијанската религија на Воскресение Христово Велигден се чествува воскресението на Исус Христос на третиот ден откако бил распнат на крстот и погребан. Празната гробница е видена од жените мироносци, кои посетиле гробот. Исус Христос се јавува на Марија Магдалена и на апостолите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани