Неодамна, уникатното Охридско кајче со фотоволтаични панели и електричен мотор беше презентирано на Меѓународниот саем за Наутика, кој се одржа во Белград, Република Србија.
Истото предизвика големо внимание кај посетителите и беше своевидна атракција.
Бродксиот мотор е создаден со примена на напредната технологија на комбинирани намотки. Се карактеризира со голема моќност што му овозможува да го движи кајчето без поголеми проблеми со користење на енергија од фотоволтаични панели, велат од Зелен град.

