Зелена гастрономија во Охрид: Ученици и студенти готвеа за одржлива иднина

На Факултетот за туризам и угостителство – Охрид,  се одржа едукативна и инспиративна работилница под наслов „Зелена гастрономија: Одржливи практики во кујната“, во соработка со Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид.

Настанот започна со топло добредојде, домашни колачи и поздравен говор од деканката на факултетот, проф. д-р Снежана Дическа. Следуваше предавање од проф. д-р Ангела Паскуале на тема „Зелена гастрономија“, каде беа презентирани клучните концепти за одржливо готвење, локално производство и еколошки пристап во гастрономијата.

Кулминацијата на работилницата беше заедничкото готвење на студенти и ученици, под менторство на проф. д-р Климент Наумов. Младите готвачи креираа здрави, локални и еколошки оброци, во духот на современата зелена кујна.

 

Овој настан не само што ги спои теоријата и практиката, туку и испрати силна порака: иднината на гастрономијата е зелена, одржлива и креативна.

Насоката Гастрономија при Факултетот за туризам и угостителство – Охрид нуди современо образование со силен фокус на практична обука, иновации и одржлив развој. Доколку сакате да градите кариера во светот на гастрономијата, Охрид е вистинската дестинација за вашиот почеток!

ФТУ Охрид – каде што љубовта кон храната се претвора во професија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани