И оваа година вработени во Општина Вевчани, вработените во Ј.П. Еремја Вевчани, Мултикултурниот Центар –
Вевчани, учениците од ООУ Страшо Пинџур -Вевчани, дечињата од “ЈОУДДГ Планински Цвет” Вевчани, се вклучија во акцијата Генралка викенд.
-Собиравме отпад на неколку локации низ општината со цел подигнување на свеста за чиста животна средина. Ова е наш мал придонес кон зајакнувањето на еколошката одговорност кај сите.
Апелираме секојдневно да се грижиме за здрава животна средина и да одлагаме смет само на места кои се означени за
депонирање, апелира градоначалникот Спасе Кочоски.






