По повод 12 Мај – Меѓунарoдниот ден на медицинските сестри и 5 Мај – Меѓународниот ден на акушерките, синоќа се одржа заедничка општинска прослава, организирана од Здружението на медицински сестри од Охрид.

На свеченоста беа доделени признанија за најхумани здравствени работници, како и благодарници за долгогодишна посветеност и работен стаж од 30, 35 и 40 години.
Настанот беше можност за заедничко чествување на трудот, пожртвуваноста и професионализмот на нашите сестри и акушерки – столбови на хуманиот пристап во здравствената заштита.

Им упатуваме искрена благодарност и честитки на сите добитници на признанија, како и на сите здравствени работници.
Медицинска сестра не е само професија – тоа е повик, избор на живот исполнет со грижа, пожртвуваност и човечност.
Тие се клучен столб во здравствениот систем. Нивната улога е незаменлива. Не се само извршители на задачи – тие се гласот на емпатијата, присуството што лечи, и тивките хероини на секој ден, стои во соопштението на ЈЗУ Општа Болница Охрид.

