Охрид е една од ретките општини што има Зелен катастар и Статегија за развој на зеленило.
Само 3 општини, Град Скопје, Кавадарци и Охрид, имаат Зелен катастар, но и таму каде што го има е нецелосно воспоставен, утврдиле ревизорите, а само 2 општини Скопје и Охрид имаат донесено стратегии за развој на зеленилото.
„Централната и локалната власт нема обезбедено ефикасен мониторинг и контрола. Министерството за животна средина и просторно планирање не врши надзор над општините во делот на спроведувањето на законските одредби за урбано зеленило и не е обезбедено континуирано следење на состојбите и промените во просторот, “ се вели во извештајот на ревизија.
