Мастерс веслачите на „Горица Ремо“ освоија пет медали на Меѓународната регата во Палиќ

Мастерс веслачите на Веслачкиот клуб „Горица Ремо“ од Охрид постигнаа одличен успех на престижната Меѓународна регата во Палиќ, Србија, освојувајќи вкупно пет медали.

Охридските веслачи Александра Маленко и Георге Пирузе со своите настапи уште еднаш покажаа дека љубовта кон спортот, дисциплината и посветеноста не познаваат возрасни граници. Нивниот настап на регатата беше крунисан со пет освоени медали, со што достојно го претставија клубот и Охрид на меѓународната сцена.

Од Веслачкиот клуб „Горица Ремо“ истакнуваат дека освоените медали се повеќе од спортски успех.

„Овие медали не се само спортски резултат, туку доказ дека посветеноста нема рок на траење. Охрид има со што да се гордее“, порачуваат од клубот.

Со новите успеси, мастерс веслачите на „Горица Ремо“ уште еднаш потврдија дека годините се само бројка и испишаа нова инспиративна спортска приказна.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани