Надзорот утврди неправилности на плоштадот „Чинар“, изведувачот ќе врши корекции

Во рамки на проектот за реконструкција на плоштадот „Чинар“, Општина Охрид континуирано го следи текот и квалитетот на градежните активности преку стручен надзор ангажиран согласно законските процедури.

При извршената контрола на терен, надзорниот орган, кој како независен и стручен субјект има обврска да ја следи изведбата согласно проектот, техничките стандарди и договорените услови, констатираше одредени неправилности во поставувањето на коцката на почетокот од пешачката зона, со површина од околу 45 метри квадратни. По утврдената состојба, до изведувачот е издаден налог за корекција на изведбата и за целосно усогласување со проектот и предвидените технички спецификации. Прередувањето на коцката и сите градежни активности се на товар на изведувачот.

Општината нема да прифати решенија кои отстапуваат од предвидениот квалитет, а сите забелешки од надзорот задолжително ќе треба да бидат отстранети пред продолжување и прием на работите. Целта е реконструкцијата на плоштадот „Чинар“ да се реализира квалитетно, безбедно и во интерес на граѓаните.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани