Оваа сезона по нови патишта до главниот туристички центар. Заврши реконструкцијата на патот Охрид Свети Наум , една од најфрекрфентните делници која води кон плажите, НП Галичица и соседна Албанија. После четири децении патот во должина од 24 километри, конечно е целосно рехабилитиран, поставена е комплетно нова сообраќајна сигнализација. Оваа доста значајна туристичка, но и регионална делница на места беше речиси руинирана. Со инвестиција од околу 11 милиони евра, денес е нов и безбеден пат.
И охриѓани и туристите задоволни велат овој проект е од големо значење.
– Патуваме од Германија, дојдовме преку планината. Нагоре патот беше добар но на места не е. Видовме реконструкција, тоа е добро, вели гостин од Германија.
-Патиштата околу езерото се многу добри, вели гостинка од Германија.
-Во ред е , добро е, коректно и многу убаво кога се прават работи, меѓутоа сепак нема реализација на некои претходни предлог идеи како пример смарт Охрид и предлогот со мало проширување на патот барем од едно метро да добиеме значајна велосипедска патека, вели охриѓанец.
-Одлично многу добро, треба се да се реновира само напред , вели друг охриѓанец.

Забрзано тече изградбата на автопатот Охрид Кичево. Првите 40 тина км од Врбјани до Охрид, со исклучок на Ботун, ке бидат пуштени на крајот од овој месец.
-Се изведува последната фаза пред асфалтирање и градежни активности на клучките Арбиново и Издеглавје. Започната е првата фаза на клучка Требеништа, а интензивно се работи од Подмоље на изградба на столбови за натпатник, потпорен ѕид, како и на изградба на фекална и атмосферска мрежа, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.
Патната инфраструктура се смета за основа за развојот на туризмот.
-Без патишта нема туризам, може да ги имате најубавите атракции ама ако се непристапни не може да развивате туризам. Она штоп е важно е дека се работи и се надеваме дека пред онаа главна сезона патиштата ќе бидат спремни, вели Сашо Коруноски професор на ФТУ Охрид.
Уредени, современи и безбедни патишта се очекува да го намалат бројот на сообрајќајни несреќи и да го зголемат бројот на туристи.
Новинар Соња Рилковска
