Пуштен во употреба реконструираниот пат Охрид Свети Наум. После четири децении патот во должина од 24 километри, конечно е целосно рехабилитиран, со нова сообраќајна сигнализација. Станува збор за една од најфрекрфентните делници која води кон плажите, НП Галичица и соседна Албанија.
Со овој проект ке се олесни пристапот на туристите до најголемите туристички атракции на брегот на Охридското Езеро.
-Денеска имаме безбеден, прегледен и рехабилитиран магистрален пат на кој завршивме растеретување на косините, монтирање заштитна челична мрежа, ги подигнавме тсрандардот на безбедност на оваа делница, -, истакна Коце Трајаноски директор на ЈПДП.
Според премиерот инфраструктурата не е трошок, туку инвестиција во иднината на државата.
-Во моментов паралелно се градат неколку клучни патни правци, автопатот Кичево-Охрид силно се забрзува, делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани се активни, а се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани-Кичево. Тоа значи дека целосно го затвораме автопатниот прстен во западна Македонија и тука не застануваме, рече премиерот Христијан Мицковски.
– Седум години имаше пустош во Македонија инфраструктурните проекти беа застанати како што беше и овој проект целосно застанат имаше бројни проблеми дали се однесуваа на реализација на проектот или лошо проектирање, влеговме и ги решивме, рече Александар Николоски минсиетрот за транспот и врски.
Новата делница од витално значење за регионот се очекува да се намали бројот на сообрајќајни несреќи и да се зголеми бројот на туристи.
-Ова е проект посакуван од дамнина сега веќе реализиран и треба да претставува поттик за решавање и изработка на проект кој на експресен начин ќе го олесни и сообраќајно ќе ги реши двете најпосетувани дестинации „Заливот на Коските“ и „Св. Наум“, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.
Охрид Свети Наум е најзначајната туристичка и магистрална делница, која пред реконструкцијата на места беше речиси руинирана. Со инвестиција од околу 11, 7милиони евра, денес е нов и безбеден пат.








