Попладнево е извлечен давеник од Охридското Езеро. Безживотното тело било извлечено на Кеј Македонија.
Од СВР Охрид го потврдија настанот.
Очевидците велат станува збор за странски турист на возраст од околу 70 години.
Пливал заедно со сопругата, одеднаш му се слошило. Од охридската полиција велат врз телото немало траги на насилство. Официјални информации најавија за утре.
