Прва осудителна пресуда за Мерко, казнет 10 000 евра

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко доби парична казна од 10.000 евра за незаконското поставување директори на училиштата во селата  Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

Судот го прогласи за виновен за кривичното дело Несовесно работење во службата. Со оглед на тоа што обвинетиот досега не е осудуван, Судот не му изрече затворска казна туку го осуди на парична казна, рече судијата во образложението.

-Фактот дека обвинетиот досега не е осудуван ова  е фактички прва осуда водат кон тоа судот да се одлучи наместо да утврди некоја казна од потешките казни затвор да се одлучи да го осуди на парична казна, Висината на паричната казна ќе биде определена на сто дневни глоби од по сто евра, рече судијата Јордан Јованов.

Според Судот  Мерко го прекршил законот  именувал  директори кои не ги исполнувале условите, не бил објавен оглас, немале работно искуство од 5 години, и не биле од редот на вработените.

– Овде како што видовме од доказите никаде не е распишан конкурс туку дирекно се пристапило, се направил разговор со челнови од Управниот одбор  дали сакаат да прифатат и тие се согласиле. Не е спорно дека директорите си ја вршеле својата работа, спорно е дали можеле да бидат избрани“, рече  судијата Јованов.

Одбраната најави жалба, велат Мерко не сторил кривично дело, жалба најави и обвинителот, незадоволен од одлуката.

Оваа пресуда се однесува само на трите училишта, во  завршна фаза се уште два судски процеси  за незаконско поставување директори и во  основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга и во  училиштето во Велешта, каде има и други обвинети за Фалскификување исправи.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани