Претставници на Јапонската агенција JICA во посета на Вевчани.
Денес имав чест да остварам работна средба со претставници на Јапонската национална владина агенција JICA – институција која работи исклучиво на проекти поврзани со одржлив развој, зелен туризам и еколошки практики во регионот на Западен Балкан.
Во разговорите ги претставив потенцијалите на Вевчани и нашата силна заложба за зачувување на природата, културното наследство и развој на туризмот на одржлив начин. Со гордост можам да споделам дека JICA ќе започне проект во нашата земја, со фокус на регионот Охрид – Струга – Вевчани – Дебрца, и дека Вевчани има потенцијал да биде дел од оваа важна иницијатива.
Преку оваа соработка гледаме можност за нови практики, знаења и решенија кои ќе придонесат за подобар живот на нашите граѓани и поквалитетни туристички производи.
Благодарност до JICA за довербата и интересот за нашиот крај.
Продолжуваме со работа – чекор по чекор, кон одржлива иднина за Вевчани, вели градоначалникот Спасе Кочоски.

