Американец и Кинезинка одлично зборуваат македонскиот јазик

Триесетитригодишниот Винсент  Батаља од Америка, го научи и одлично  го зборува македонскиот јазик. Нема македонско потекло, татко му е од  Италија, мајка му од Австрија но дружејки се со  пријатели во  Чикаго се вљубил во македонскиот  јазик и култура.

Трет пат е дел од Летната школа за македонски јазик литература и култура во Охрид, заедно со шесеттина колеги од сите страни на светот.

–  Имам многу пријатели во Чикаго, од Македонија и за мене многу сакам да имам добар муебет со нив и тоа е за тоа што учам македонскиот јас. Ова е мојјот трет пат во зимска и летна школа и секогаш  е подобро и подобро и научив многу нови работи по македонскиот јазик. И сакам да кажам дека многу ми се допаѓа  македонската култура, литература и да, многу прекрасно, вели Винсент Батаља.

-Јас сум од Кина, јас сум кинезинка, учев  македонски јазик една година. Зборувам македонски, английски, кинески, казакски. Мило ми е што доаѓам во Македонија, вели Вупипан Бахатиман од Кина.

Заврши летната школа, а започна  52-та меѓународната  научна конференција кпо македонски јазик, која што привлече 65 македонисти   од целиот свет, домашни и странски, реномирани академици, лектори и истражувачи.

– За главна тема  имаат извонредно значањето  80 години од кодификацијата  на македонскиот стандарден јазик на кој што ние го чествуваме  оваа година. А,  најважно од се е што се истражува оваа тема во контекст на  вековниот развој на македонскиот јазик, а со тоа и македонска  книжевност и култура, вели Кристина Николовска директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик.

Македонскиот јазик се изучува на сите континетни и меридијани, а Меѓународниот семинар за македонски јазик литература и култура е негов најголем чувар и промотор ширум светот.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани