Вмро Дпмне со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков, а воедно и кандидат на престојните локални избори, вчера собираа идеи од граѓаните.
-Ви благодарам мои сограѓани за големиот интерес при споделувањето на идеи и предлози со кои ќе го направиме Охрид уште поубав.
Во наредниот период ќе ги анализирам сите предлози и идеи, а најдобрите ќе бидат и дел од мојата четиригодишна програма.Заедно со Вас продолжуваме да го развиваме градот, да го правиме уште поубав, напиша Пецаков на својот Фејсбук профил.






