Триесетитригодишниот Винсент Батаља од Америка, го научи и одлично го зборува македонскиот јазик. Нема македонско потекло, татко му е од Италија, мајка му од Австрија но дружејки се со пријатели во Чикаго се вљубил во македонскиот јазик и култура.
Трет пат е дел од Летната школа за македонски јазик литература и култура во Охрид, заедно со шесеттина колеги од сите страни на светот.
– Имам многу пријатели во Чикаго, од Македонија и за мене многу сакам да имам добар муебет со нив и тоа е за тоа што учам македонскиот јас. Ова е мојјот трет пат во зимска и летна школа и секогаш е подобро и подобро и научив многу нови работи по македонскиот јазик. И сакам да кажам дека многу ми се допаѓа македонската култура, литература и да, многу прекрасно, вели Винсент Батаља.
-Јас сум од Кина, јас сум кинезинка, учев македонски јазик една година. Зборувам македонски, английски, кинески, казакски. Мило ми е што доаѓам во Македонија, вели Вупипан Бахатиман од Кина.

Заврши летната школа, а започна 52-та меѓународната научна конференција кпо македонски јазик, која што привлече 65 македонисти од целиот свет, домашни и странски, реномирани академици, лектори и истражувачи.
– За главна тема имаат извонредно значањето 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик на кој што ние го чествуваме оваа година. А, најважно од се е што се истражува оваа тема во контекст на вековниот развој на македонскиот јазик, а со тоа и македонска книжевност и култура, вели Кристина Николовска директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик.

Македонскиот јазик се изучува на сите континетни и меридијани, а Меѓународниот семинар за македонски јазик литература и култура е негов најголем чувар и промотор ширум светот.
Новинар Соња Рилковска
